Српската поп-пејачка реши да се вакцинира, а своето искуство го сподели преку „стори“ на Инстаграм.
Наташа Беквалац ги повика граѓаните да бидат одговорни, па затоа и самата отиде да ја прими вакцината.

– О, добро, не е дека не боли – рече Ната откако ја боцнаа, а потоа се смееше.
Медицинската сестра ја заврши работата за неколку секунди, а пејачката не можеше да ја сокрие насмевката.

Инаку, во Србија досега се вакцинираа нешто повеќе од 200 илјади граѓани.