На популарната пејачка Теа Таировиќ не и предвидуваа добра музичка кариера во „Ѕвездите на Гранд“, а неколку години подоцна стекна голема популарност и ја понесе титулата кралица на бакшишот.
Теа за медиумите откри какви биле нејзините почетоци. Таа, како што истакна, користела и слатки бели лаги, само за да стигне до музичката сцена.
– Почнав да пеам со бенд од Нови Сад и лажно им се претставував. Реков дека сум полнолетна, дека имам искуство со пеење, но бев малолетна и немав искуство. Не бирав средства за да стигнам до целта – рече Таировиќ, нагласувајќи дека тој период за неа бил многу трауматичен и неизвесен.
– Имав желба само да застанам на која било сцена, само некој да ме види и слушне. Беше навистина трауматично. Немав никаков репертоар, не знаев да комуницирам со луѓе, ништо, а сакав само да настапам некаде. Од патики преминав до високи потпетици, не знаев да шетам во нив – искрена е пејачката за тамошните медиуми.
Фото: Принтскрин/Саша Џамбиќ/С.Данас