Речиси и да нема некој Македонец што се уште не ги памети стиховите на песната „Ноќна кралица“ која ја отпеа пејачката Ерзана Бериша.
Ќерката на тогаш познатите и популарни пејачи од албанска националност во Македонија, брачната двојка Агрон и Наџије Бериша, во почетокот на 90-тите преку ноќ стана една од најпопуларните домашни пејачки, потоа издаде и албум од кој произлегоа уште неколку нејзини хитови.
Спек, животниот пат и љубовта ја однесоа во Америка, каде живее и денес, а од музиката на македонската сцена остана само да се сеќаваме на нејзините песни од тоа време. Таа е горда мајка на нејзиниот 15 годишен син Дориан. Живее во Хартфорд, Конетикат, заедно со нејзиниот сопруг Аријан Превала.
Последен пат кога Ерзана беше во Македонија, се сретна со Елена Ристеска со која објави заедничка фотографија.
Би ја препознале ли како изгледа денес?
Во меѓувреме, Ерзана има најава за нешто ново… Нова соработка со стариот соработник, композиторот и продуцент Дарко Димитров со кој се договараат да снимат нова песна, 20 години откако заедно работеа на албумот „Без зборови“.
Албум, кој тогаш ја направи една од најпопуларните пејачки во Македонија, по кој Ерзана за жал, се повлече од музичката сцена, па иако оддамна не пее, нејзините песни се’ уште се хитови: „Ноќна кралица“, „На чекор од тебе, „Колекционер“, „Изулија“, Ти“ и денес ги слушаат новите генерации.