Деновиве Наум Петрески, еден од најпознатите и најпопуларни македонски фолк ѕвезди и пејач кој отпеал многу антологиски хитови ја изненади јавноста со нова песна. И не би било ништо неочекувано и необично, доколку новата песна Наум не ја пее не на македонски како досега, тукуи на српски јазик, а истата е насловена „Не могу ја без тебе“.
Имено, пејачот важи за голем патриот и родољуб, Македониц кој си ја сака татковината што многу пати и го докажал. И со своите песни, изјави, настапи во медиумите, патриотските проекти…
„Без влакна на јазикот“ Наум знае да ги критикува неправилностите и неправдите на музичката сцена, но и оние во целокупното опшество.
Токму затоа многумина се најдоа затечени со потегот на Петрески кога деновиве ја објави својата нова песна, на српски јазик. Но за да нема недоумици, недорабирања, шпекулации и нагаѓања, дали тоа пејачот тргнал да прави регионална кариера па толку е со патриотизмот, Наум веднаш се огласи на својот Фекјсбук профил и напиша:
„И еве после доста работење на оваа песна која ја направивме првично како една заедничка историја помеѓу Каоничка млекара и мојата маленкост, но се разбира дека е и за секој што сака убава песна“.
Музиката и текстот се на македонскиот автор Томислав Которчевиќ, додека аранжманот го направил Бане Васиќ, а песната е во духот на старите кафеански севдалинки, отпеана со многу душа и емоции налик на незборавните фолк евергрини од регионот од старите фолк легенди од 70-ите и 80-ите години на минатиот век.
За песната која енаменски направена за рекламни цели, е снимено и видео во кое разбирливо преовладуваат кадрите од кафеанската атмосфера, но и доплнителни модерни сексвенци со една убавица на јахта, по која се коппнее во стиховите на „Не могу ја без тебе“.
Новата песна на Наум петрески можете да ја проследите во продолжение: