Промотер

Наум Петрески на својот 53-ти роденден искрено кажа – „Напишав песна“ (ВИДЕО)

Наум Петрески на својот 53-ти роденден искрено кажа – „Напишав песна“ (ВИДЕО)

„Напишав песна” е новата емотивна балада на легендарниот македонски фолк пејач Наум Петрески, која заедно со видеото ја претстави на промоцијата во ресторанот „Лантерн“,  која се одржа викендов во Скопје. Песната е во малку поразличен стил од останатите негови песни, што можеби е изненадување знаејќи ја кариерата на Наум, но сосема очекувано ако се земе во предвид кои се авторите.

 

Текстот и музиката се дело на Блаже Темелков, а аранжманот е на Дарко Тасев. Овој типичен рокерско – забавен двоец веќе неколку години соработува со Наум, кој потврди дека за балади им верува повеќе забавњаците и рокерите, па затоа покрај иваквиот избор на авторите, песната и е снимена во студиото на уште еден збавњак – Кристијан Габроски.

„Наум пред триесет години праша…”Има ли песна?” Мислам дека е сеге време да напишам песна, а ова не е автобиографска песна, што значи тука се е измислено. Така што се надевам оваа песна ќе им  се најде на многу заљубени, или евентуално оние, на кои  не им оди во љубовта, ќе се најдат во песнава. Инаку да ви кажам дека да не беше Наум Петрески, мислам дека јас и Дарко на крај памет не би ни било дека некогаш во животот ќе правиме фолк музика. Мислам дека Наум беше преголема мотивација, преголема инспирација, ова ни е веќе шестта песна, а се надевам дека ќе има уште многу. Среќен Роденден и пријатна забава“ – им порача авторот Блаже  Темелков на присутните на промоцијата, честитајќи му го на Наум 53-от роденден.

Сашо Митков, првиот човек на продукција ”Aword”, со која  Наум Петрески соработува речиси цела деценија во своето излагање му посака среќа на Наум и најави уште неколку заеднички проекти во следниот период.

Во меѓувреме уживајте во песната и видеото за неа, во која Наум Петрески се појавува само во еден-единствен кадар, а истото го изработи екипата на „Арт студио“:

Извор: Естрада +

Видео: Јутјуб

To top