„Еуфорија“ е насловот на штотуку објавениот дует на македонските поп пејачки Наташа Малинкова и Александра Јанева, на кои ова им е прва меѓусебна соработка… Случајни партнер(к)и со иста намера – заеднички хит!
Песната која е со модерен, брз, летен ритам во ар ен би стил, е авторско дело на долгогодишниот соработник на Малинкова, композиторот Столе Аврамов, кој заедно со Александра Јанева ги потпишале и стиховите, а во продуцирањето му помогнал колегата Зоран Алексиќ.
Сето тоа визуелно го дополнила екипата на „Пинестел“ во состав: Ѓорѓи Вацев, Пеце Здравковски и Борче Георгиев.
Освен со заедничката песна, Александра и Наташа се актуелни и со соло-песните „Ќе се вратам некој ден“ (Јанева) и „Ако грев е што те сакам“ (Малинкова) , како и со бројните настапи ширум Македонија.
Како звучи оваа кавадаречко-струмичка музичка комбинација огледана во деби соработката на двете русокоси, дознајте во продолжение.