Радио Милева убав гест

Наташа Беквалац се симна од сцената, застана позади шанк и ја воодушеви публиката после настапот (фото)

Наташа Беквалац се симна од сцената, застана позади шанк и ја воодушеви публиката после настапот (фото)

Долго време се прераскажуваат настапите на Наташа Беквалац, како поради добрата музика и атмосфера, така и поради потезите на пејачката кои ја воодушевуваат публиката.

Така, овој пат  видео клипот од неодамнешниот настап на Беквалац стана вирален и предизвика лавина коментари.

@club_metropola_official Kakva kraljica ! ❤️❤️🌪️ #natasabekvalac #fypシ #viraltiktok #viral #foryou #balkan #stuttgart ♬ original sound – Club Metropola Official

Имено, Наташа овој пат одлучила да пее со персоналот на клубот во кој настапувала. Беквалац во еден момент им се придружила на вработените во клубот, кои ја замолиле, судејќи по видеото, да им го отпее хитот на Цеца „Белград“. Овој гест на пејачката наиде на голем ентузијазам во јавноста, а можеме да видиме и дека вработените уживале додека таа им го пее споменатиот хит.

Да потсетиме, Беквалац неодамна беше на луксузен одмор во Дубаи. Па, очигледно пејачката успеала добро да ги наполни батериите со ќерките и да се врати на деловните обврски.

Фото: Принтскрин/Имстаграм/ТикТок

To top