Радио Милева
една од најтешките битки

Наташа Беквалац  побара стручна помош за да се ослободи од проблемот со кој се бори со години (фото) 

Наташа Беквалац  побара стручна помош за да се ослободи од проблемот со кој се бори со години (фото) 

Наташа Беквалац  реши да му се спротистави на својот долгогодишен порок и да се подложи на лекување. Ова не е прв пат Наташа да се откаже од цигарите, но првпат тоа го прави со помош на професионалци.

Како што се дознава и покрај големата желба да се откаже од цигарите, не успеала, па наместо традиционални цигари продолжила да користи електронски.

– Наташа со години се обидува да се избори со овој порок. Пред извесно време успеала да ги остави класичните цигари, а потоа се „закачила“ на електронските цигари. Со својот успех се пофали и на Инстаграм, но тоа не траеше долго и не и успеа. Кога сфатила дека не може сама, решила да побара помош од стручни лица и да замине на лекување. Во рамките на терапијата и борбата против зависноста, Наташа ќе разговара и со психолог, а ќе биде извршена и детална анализа, за да се утврди коренот на нејзината долгогодишна борба со никотинот. Тоа е нејзиниот приоритет овие денови. Таа се справи со тој проблем и реши да го истурка до крај -изјавил соговорникот.

Да потсетиме, Беквалац, која е и сопственичка на хитот „Никотин“, во медиумите зборуваше за својата борба со пушењето.

– Покрај борбата со килограмите, една од најтешките битки, а не дека не сум ги водела, е борбата со цигарите. Оваа заразна болест ја има шифрата F17 во меѓународната класификација. Значи, јас ја имам шифрата – признала Наташа, која има целосна поддршка од семејството во оваа голгота. Со текот на годините, таа се обидувала да го реши овој проблем со акупунктура, како и со читање книга во која се зборува за најлесните начини да се откажете од цигарите, но очигледно не постигнала голем успех.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Наташа Беквалац/Ненад Костиќ

Останати вести од Радио Милева