Пејачката Наташа Беквалац од Нова година одлучи да го промени начинот на живот и да се грижи за себе и за своето здравје повеќе од кога било.
Неодамна одлучила засекогаш да се откаже од цигарите, а на следбениците им се пожалила на вишокот килограми што ги ставила. Многумина и пишуваа дека само претерува и дека навистина изгледа феноменално, но пејачката сепак решила да оди во теретана и да се грижи за исхраната.
Пејачката се пофали со првиот тренинг, а сега веќе и се соблече.
Беквалац на својот Инстаграм сподели слики од професионална фотосесија, а нејзиниот изглед ги воодушеви сите.
Куклата Барби од Нови Сад носеше само црно боди кое одлично ја следеше и ја истакнуваше нејзината фигура, додека позираше пред објективот.
„Овде нема вишок“, „Нато растураш“, „Кој сака да ослабе?“, „Божица“, се само дел од коментарите.
Фото: Принтскрин/Инстаграм