-Дами и господа, драги мои пријатели на Инстаграм, со гордост ви ги претставувам моите два најголеми успеси во животот, мојата среќа, моите единствени слаби точки и моите два животни љубови, мојата суперсила и снага „Да се биде мајка …“, пишува Нашата Беквалац во описот на фотографија од насловната страница на најновото српско издание на магазинот „Стори“.
Пејачката позира заедно со нејзините две ќерки, поголемата Хана, и малата Катја која ја доби од кусиот брак со Лука Лазукиќ од кого се разведе поради насилство.
Катја се роди во 2018 година, а Наташа не го покажуваше лицето на дететето, но се досега.
За разлика од Катја, Хана постојано ја има на социјалните мрежи, а не ретко е и модел во некои детски модни фотосесии.