Популарната поп пејачка Наташа Беквалац (38) деновиве преживеа вистинската семејна драма . Нејзиниот татко, познатиот фудбалски тренер Драгољуб Беквалац (66), кој неколку сезони го водеше и скопски ФК Работнички, доживеал срцев удар, поради што бил хоспитализиран во КЦ Војводина во Нови Сад.
За среќа, срцевиот удар не бил фатален, но за време на деветдневниот престој во болницатаму биле вградени два стента. Потоа неговото здравје почнало да се подобрува, па тој бил пуштен за домашно лекување и веќе се чувствува добро.
„Не коментирам работи од приватниот живот на членовите на моето семејство, ниту од мојот приватен живот“ – изјавила Наташа.
Здравствените проблеми на татко ја исфрлија пејачката од колосек, и ги нарушија плановите и ги променија нејзините приоритети. Таа е многу поврзана со нејзиниот татко, па била многу загрижена за сè што се случувало.
Своите обврски ги свела на минимум и се обидела да му даде максимална поддршка и помош во тешките моменти.