Радио Милева

Наташа Беквалац повторно се расплака среде емисија и побара да се прекине снимањето (видео)

Наташа Беквалац повторно се расплака среде емисија и побара да се прекине снимањето (видео)

Наташа Беквалац се расплака во емисијата „Гламур специјал“, а многумина беа изненадени бидејќи истото се случи и во шоуто „Амиџи“ пред осум години, по нејзиниот развод од Данило Икодиновиќ.

Овој пат, Наташа не плачеше за љубовта кон партнерот, туку за своите емоции кон нејзините ќерки, постарата Хана и помладата Катја.

Екипата на шоуто подготви видео приказна за пејачката за тоа како растат нејзините ќерки, изработено врз основа на нејзините објави на социјалните мрежи и во комбинација со детска песна. Наташа е позната како емотивна личност, а особено е чувствителена на ќерките, па побара да се прекине снимањето, но тоа не се случи.

фото:јутјуб/гламур/тв хепи

– Сега ќе бидам најголемата плачка … Вие навистина не сте нормални, – рече Наташа во солзи откако го гледаше видеото.

– Ја имав оваа теорија долго време дека треба да ги штитам од сè, а потоа сфатив дека не сум во право. Ова особено се однесуваше на Хана затоа што чувствував огромна потреба за заштита и тогаш Данило го стори истото. Потоа, сфатив дека ова не е добар начин. На децата треба да им се овозможи да се запознаат со светот каков што е. Се разбира, како родител секогаш сте таму за да го заштитите вашето дете, но универзумот ги прави работите многу добро за нас. Се ослободив од тој страв за децата, иако дури и денес понекогаш се грижам кога Хана ќе излезе, но веќе не сум оптоварена. Затоа сум порелаксирана и ја пренесувам и таа енергија на нив – рече Беквалац.

Јас не се разликувам од повеќето мајки. Јас сум многу сличена на секоја мајка што би правела се за своето дете … вели пејачката .

– Солзите ми немаат никаква врска со тагата. Ова е нешто за што сум најчувствителена! Чувствителна сум кога ја гледам Катја, особено во ситуација кога сум сама со нив – изјави Наташа во шоуто.
Погледнете ја оваа ситуација во снимката од 27:50:

To top