Популарната пејачка Наташа Беквалац во април доживеа вистинска драма, односно нејзиниот се уште законски сопруг Лука Лазукиќ физички ја нападна и ја повреди.
Тогаш, пејачката се повлече од јавноста и некое време не беше присутна во медиумите.
Се до неодамна кога се врати на стариот живот и започна со настапи. Насмеана и позитивна Беквалац се врати на својата публика, а лошиот период е зад неа.
Пејачката на Инстаграм често ги известува фановите за нејзините активности, а така беше и овој пат кога сподели видео на кое е во бикини и го покажа згодното тело.
Очигледно е дека нема траги од повредите, а Ната изгледа подобро од кога и да било.