Новосадската барбика Наташа Беквалац периодов има полна агенда со настапи, а на истата беше и Тетово каде пееше изминатиот викенд.
Она што и се случува приватно и професионално, редовно осамнува на нејзиниот профил на Инстаграм, а овој пат пред настап покажа како го минувала времето во еден хотел во Тетово каде беше сместена.
Беквалац најпрво се опушташе во затворениот барен, се расоблече во бикини и реши да се разлади од топлото време.
А потоа, следеа подготовките за шминка и фрузира за што Наташа довербата му ја препушти на познатиот македонси стилист Даниел Николовски.
Дека се дружеле во хотелската соба додека ја средувал за вечерниот настап, Ната покажа низ неколу фотографии од кои можеше да се виде дека заеднио со неа биле и девојките кои ја придружуваат на сцената.
Ова не е првпат Беквалац кога доаѓа во Македонија да ја стлизира Даниел кој очигледно таа не ни помислува да го замени за друг.
Задоволна од третманот, задоволна и од публиката, пејачката се заблагодари за фитбекот кој го доби на настапот преку граница кај соседите.
фото:Инстаграм Наташа Беквалац/Даниел Николовски