Радио Милева

Наташа Беквалац остави брутален коментар на фотографијата на Ана Кокиќ

Наташа Беквалац остави брутален коментар на фотографијата на Ана Кокиќ

Пејачката Ана Кокиќ неодамна се разведе од својот сопруг и моментално ужива во својата слобода, но и работи на својата музичка кариера.

Имено, Кокиќ наскоро ќе започне со промоција на новата песна „Она права ја“,  а неодамна објави неколку провокативни фотографии со кои ќе ја започне кампањата за промоција на новата песна.

Нејзината колешка Наташа Беквалац имаше коментар на една од фотографиите.

„Вака изгледа жена по развод! Извини, ама морав“ напиша Беквалац под фотографијата на Кокиќ.

За потсетување, и претходната година Наташа Беквалац имаше проблеми со нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ кој физички ја нападна, а по оваа случка пејачката го тужи и побара развод.

 

 

To top