Српската пејачка Наташа Беквалац веќе не е ниту така активна со настапи и ТВ појавувања, а во последно време ја нема ниту на социјалните мрежи како порано.
Пред Нова година, таа се повлече во својата приватност, вешто криејќи ја својата интима од јавноста.
И токму кога речиси и ја заборавивме, на Инстаграм се појавија неколку нејзини фотографии, каде што пејачката е сликана со труднички стомак во осмиот месец од бременоста…
Да потсетиме, пеjачката и нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ, објавија дека таа во текот на март треба да се породи со женско дете.
Како и секоја трудница, Наташа не може да и одолее на храната, особено не на слатките задоволства… Па и самата покрај името си постирала стикерчиња на својот Инстаграм профил, за тоа како се чувствува и што и се случува.
Трудна до заби, стрвна до бескрај и никогаш поубава… Наташа Беквалац наскоро, одново ќе стане мајка!