Пејачката Наташа Беквалац периодов мачи маки со нејзиниот ќерка Хана. Имено, пејчката неодамна откри дека нејзината ќерка е во пубертет и дека не може да излезе на крај со нејзините „проблеми“.
Поради тоа, Ната одлучила да го повика нејзиниот поранешен сопруг и татко на Хана, Данило Икодиновиќ за да и помогне со ќерката, а тој со задоволство ја прифатил поканата, тврди извор за курир.рс
„Иако Данило не учествува толку во воспитувањето на ќерката, Наташа никогаш не се жалеше. Таа му е голема поддршка на поранешниот сопруг и никогаш не зборува лошо за него бидејќи тој е татко на нејзината наследничка“ вели извор близок на некогашниот пар и открива дека Наташа и Данило отсекогаш биле во добри односи.
„Тие двајца одлично функционираат и ќерката никогаш не чувствува дека има проблеми меѓу нив. Хана најголем дел од времето го поминува со Наташа, но кога Данило ќе имаше време или Хана ќе сакаше да оди со нејзиниот татко, Наташа никогаш не и забрануваше. Хана е во пубертет, а Наташа е многу строга кон неа, па смета дека Данило може да и помогне“ вели изворот и додава дека Данило веднаш реагирал на барањето на Наташа.
„Ната ужива додека ги гледа Данило и Хана и е воодушевена од тоа како се снаоѓаат. За разлика од неа, тој не е толку строг во разговорите со ќерката, па Наташа мисли дека неговото присуство ќе и значи на ќерката“ тврди изворот.
„Хана е во пубертет и морам да признам дека го побарав Данило, а можам да ви кажам дека уживам додека ги гледам заедно. Јас сум малку опасна кога е во прашање воспитувањето, за разлика од Данило кој е понежен со Хана“ призна Беквалац.
Пејачката неодамна во една емисија призна дека има маки со постара ќерка и дека ништо не ја слуша.