„Мама светица“, напишал Воин Ражњатовиќ, синот на Аркан како коментар до фотографијата која објавил на Инстаграм со неговата мајка Наталија. Имено, Наталија Мартиновиќ е првата сопруга на Жељко Ражњатовиќ Аркан.
Тие се венчаа во 1985 и беа во брак се до 1994 година.
Во тој период Аркан и Наталија добија четири деца, близнаците Воина и Никола и двете ќерки Маша и Милена.
Никола, братот близнак на Воин, со години не живее во Србија. Јавноста го запозна откако во 1998 година се појави како главен модел во видеото „Неваљала“ на неговата маќеа Цеца. Маша завршила студии и работи во Њујорк. Милена завршила филмска режија на Универзитетот во Калифорнија.