Некогашната најпознатата македонска ТВ водителка на игри на среќа, манекенка и модел Наталија Грубовиќ, е ретко активна на социјалните мрежи, но кога е во Скопје, тоа сака да им го покаже на своите следбеници и пријатели.
Имено, таа деновиве дојде во Македонија кај своето семејство, а времето поминато во Скопје го искористи и за забава и дружба со пријетелите.
Натали заедно со нејзината сестра Марија и ТВ водителката Елена Стефановска се дружеа во еден познат скопски ресторан и имаа женска вечер и здравица. Дали имало посебен повод или не,остана непозато но посебно е и тоа што не често се гледаат, па имаа доволна причина да се чувствуваат специјално.
Моментот на својот Инстаграм го објави Натали, што и не е нејзина пракса, па оттука јасно е дека тоа била посебна ноќ за неа.
Водителката Елена разбирливо го покажа и својот моден избор за таа вечер и позираше за спомен.
За потсетување,Натали веќе неколку години живее во Нови Сад, а пред неколку година таа се оствари и во улогата на мајка, а себе и на сопругот му подари прекрасна ќеркичка која токму таткото реши да и даде име по својата убава сопруга, па така, големата, сега ја има и малата Натали. Или мама Натали и бејби Натали, која сега е веќе речиси четиригодишно девојченце.