Радио Милева
за убав ден

„Настискани“: Eве со кого Александра Пановска Илиевска заглави во лифтот и зошто (фото) 

„Настискани“: Eве со кого Александра Пановска Илиевска заглави во лифтот и зошто (фото) 

Водителката Александра Пановска Илиевска  во секоја прилика  ја гледаме  насмеана и позитивна.

Таа е редовна на социјалните мрежи, а пред многубројните фанови ги споделува убавите моменти со кои и е исполнет денот.

Многупати досега на нејзиниот Инстаграм профил ја споделила атмосферата од студиото каде што работи, а неретко и со колегите знае да застане пред камерата и да позираат заедно.

Овој пат таа го извади мобилниот додека се возеа топтан во лифтот заедно со нејзините драги колеги Роберт, Цеце, Милена и Вера каде „заглавија“ со фоткање но и така „натискани“ покажаа колку се убави и расположени.

„Настискани“  – стоеше кратко и јасно во описот на фотографијата, а на нивните лица задоволството и позитивната енергија не можеше да се сокрие. И не треба, освен ако лифтот не даја Боже , не  се заглави на подолго!

Важно е дека нема ништо поубаво од тоа кога  сите се сложни и заедно, а  веројатно тоа беше  и пораката која сакаат да ја испратат до сите за убав ден.

фото: printskrin/instagram/aleksandra_panovska_ilievska

Останати вести од Радио Милева