Радио Милева уште два дена до почетокот

Настана хаос околу отворањето на Светското првенство во фудбал: Шакира прифати, па ја одби понудата да пее во Катар

Настана хаос околу отворањето на Светското првенство во фудбал: Шакира прифати, па ја одби понудата да пее во Катар

Ѕвездата, која беше жестоко критикувана откако првично се согласи да настапи, на крајот реши да се повлече. На 20-ти ноември ќе се одржи отворањето на Светското првенство во фудбал на кое требаше да настапи Шакира, но пејачката се повлече.

По церемонијата започнува натпреварот помеѓу репрезентациите на Катар и Еквадор.

Колумбиската уметница, која ги отвори светските првенства во Германија (2006), Јужна Африка (2010) и Бразил (2014), се соочи со жестоки критики од фановите по најавата за нејзиниот настап во Катар.

– Ми кажаа дека Шакира нема да настапи на свеченото отворање – изјави новинарката Адријана Доронсоро, цитирана од шпанска „Марка“.

– Таа нема да пее. Ќе испрати соопштение во кое ќе ја образложи својата одлука – изјави Сандра Алдаро.
Интересно, и Дуа Липа, ги демантираше гласините дека ќе настапи на свеченото отворање на Светското првенство во Катар. Таа ја наведе и својата причина. Звездата не сака да оди во Катар поради кршење на човековите права во оваа земја.


Дуа Липа не е првата уметничка која одбила да настапи во Катар. Род Стјуарт одбил понуда од над милион долари за концерт во оваа земја.

фото:Јутјуб принтскрин/EPA

To top