Како што гласи насловот на нејзината деби песна „Сакам пак“, екс-сопругата на поп пејачот Даниел Кајмакоски, а од неодамна и пејачка, секој ден сака пак нова авантура и возбуда…
Добро познато е непишаното правило дека ако на жените им се случува нешто ново во животот, тие ја менуваат фризурата, а на Кристина и се случи драстична животна промена, а тоа пак резултираше и со таква промена на имиџот.
Таа неодамна се пофали дека од бринета стана русокоса, а со новиот изглед гледа секаде да стигне и да биде видена. Од гостувања на емисии, позирање на фотосесии, посета на концерти и секако да се замеша во музичките кругови.
Кристина на својот Инстаграм се пофали со неколку нови фотографии на кои е во друштво на српскиот заводник, пејачот Саша Ковачевиќ со кој не пропушти да се запознае непосредно, да размени лаф муабет и секако да се фотографира за спомен.
Сосема случајно се погоди да имаат и иста нијанса на бојата на косата која и Ковачевиќ ја обои пред некое време.
Позираа гушнати еден до друг, а тука некаде се најде и пејачот Огнен Здравковски.
Дали повеќе и дадоа совети од музичкиот свет или комплименти за изгледот, не знаеме, но јасно е дека Кристина не седи мирно и решена да биде ѕвезда!
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/bivshata-na-daniel-kajmakoski-najavi-pejachka-kariera-ama-zasega-samo-se-slika-kristina-kje-pee-ili-samo-pozira-foto/