Радио Милева подготвени

Наскоро доаѓа принова: Семејството на фолкерот Ѓани ќе биде побогато за уште еден член (фото)

Наскоро доаѓа принова: Семејството на фолкерот Ѓани ќе биде побогато за уште еден член (фото)

Марко Трајковиќ, синот на фолк пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани, на својот Инстаграм профил објави видео од ултразвукот на неговата бремена сопруга Миња, на кое се гледа дека нивното бебе расте.

Познато е дека снаата на Ѓани е во блажена состојба, а гордиот тато Марко им се пофалил на следбениците дека неговата наследничка е добро и дека се е подготвено за нејзиното доаѓање.

– Навистина сум среќен, сите чекаме Миња да се породи, се родив подготвен како дедо – изјави неодамна Ѓани.

За потсетување, Марко и Миња се венчаа на 16 декември 2021 година, а свадбената церемонија се одржа во зградата на Градската општина Савски Венац, во кругот на најтесното семејство.

Двајцата го имаат синот Лео, а наскоро ќе добијат и девојче.

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Часлав Вукојичиќ/Драган Гајиќ

To top