Синот на познатиот македонски виолинист, Зоран Џорлев, Наско, по темата „Да би можел“ која ја објави минатата година во месец октомври, сега ја промовира „Ден за ден“ во емисијата „Алтер“.
Песната е одлична за овој летен период, лесна за уво, релаксирачка, баш како што го носи насловот.
Талентираниот Наско е комплетен автор, а за своето најново музичко парче во текстот пее:
-Секој ден е посебен, како да е последен, живеам од ден за ден, гласи рефренот.
Слушнете и запејте!