„Сирилик“ важат за едни од најнадежните нови имиња на домашната сцена. Македонското електро-дуо составено од браќата Бојан и Андреј се сè повеќе е активнои како со авторска музика во песните како што се „Во тебе се гледам“ со Дина Јашари или „Доволни“ со Валери, но покажаа дека одлично се снаоѓаат и со ремиксите, како оној на евровизиската „Proud“ на Тамара Тодевска.
Талентираните прилепски музичари овој пат имаат нова сопствена музичка тема на англиски јазик, насловена „Break My Heart“.
Со продукција која звучи светски, совршено дотеран аранжман, испеглан саунд во кој користат модерни бои во звучни парчиња и ритам кој не те остава мирен, „Сирилик“ и во новата музичка тема покажуваат дека се еден од ретките македонски музички продукти кои се комплетно подготвени за извоз. Еднакво вредни ако не и подобри од она што ни го сервираат разно-разните, наводно светски познати ДЈ-и кои ја крстарат земјава по клубовите, дискотеките, плоштадите, летните фестивали…
Факт е дека „Break My Heart“ да беше направена некаде надвор од некое познато странско име, ќе беше голем светски хит.
Како и да е, музиката го наоѓа својот пат без оглед на географскиот хендикеп, па затоа и се надеваме дека „Cyrillic“ многу наскоро ќе се најдат на некоја од светските компилации и фестивалските сцени некаде по Европа.
Во меѓувреме, преслушајте ја песната и погледнете го нивното комбинирано лирик видео за „Break My Heart“.