Радио Милева наше „дете“ на „Fashion Tv“ избор...

Нашата мисица и модел Ана Марија Јанковиќ влезе во топ 3 на изборот за „Miss Movie Star“ во Кан и стана „Мис Туризам 2022“ (ФОТО+ВИДЕО)

Нашата мисица и модел Ана Марија Јанковиќ влезе во топ 3 на изборот за „Miss Movie Star“ во Кан и стана  „Мис Туризам 2022“ (ФОТО+ВИДЕО)

Дваесетгодишната македонска манекенка, модел и мисица Ана Марија Јанковиќ, учествуваше на изорот за  „Miss Movie Star“ кој се одржува во Кан и влезе во топ 3  на изборот, при тоа освојувајќи ја и титулата за „Мис Туризам 2022“. 

Изборот се одржуваше на 25 мај 2022 во една од ултралуксузните приватни вили на најмонденското собиралиште во Европа на светскиот џет – сет.

Организатор на овој престижен настан беше  најпознатиот моден ТВ канал, познатиот „Fashion Tv“.

На изборот присуствувале и голем број познати личности од светот на филмската уметност и модата, а нашата претставничка блесна на црвениот тепих во моделите што ги носеше на преставувањето.

Инаку Ана Марија Јанковиќ е студент на филмска режија на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ во Скопје ( некогашната ЕСРА).

Со моделинг и манекенство се занимава уште од мали нозе, меѓу останатото и заради фактот што таа е постарата ќерка на  нашиот познат уметнички фотограф и режисер на видеоспотови, битолчанецот со хрватско потекло Дарио Јанковиќ. 

Во Македонија снимила неколку реклами и рекламно-модни едиторијали  заедно со или без нејзиниот татко, а се појавува и во некои од видеоспотовите што тој ги изработи и режираше во рамкоте на неговата „Генерал продукција“. 

Ана Марија  е членка на модната агенција Real Woman Agency од Белград, а пред две години стана ново лице на познатиот моден бренд  Guess.

To top