Коронавирус пандемијата беснее насекаде низ светот, па и во Србија, односно Белград, но тоа учесниците во релното шоу „Задруга 3“ како воопшто и да не ги допира. Ионака оддамна изолирани од реалноста, стварноста не ја доживуваат ниту ризично ниту трагично… Напротив, ним им е до забава…
Закажаната ријалити журка во „Задуга 3“ не пропадна, иако музичарите од бендот не им дојдоа, па немаше кој да им пее и свири, но жените и безтоа максимално се опуштија. Па дури и повеќе од тоа.
Имаше и кавги, бакнежи, солзи, но и многу жешки и провокативни танци од разголените домаќинки. Журката покрај базенот, како и секогаш, за нив одлично помина, а дамите дури и скокнаа во него… полуголи!
Тие лудо се забавуваа, се прскаа со пената што претходно ја правеа во базенот. Во еден момент, сите како по команда почнаа да се соблекуваат и многу од нив останаа само во градници и гаќички, излудувајќи ги мажите.