Наоми Кемпбел на модната недела во Париз се појави во комбинација која само треба да ја погледнете.
Таа не се одлучила за гламурозен фустан, туку за поопуштена и похрабра варијанта.
На ревијата на познатата модна куќа „Луј Витон“ во Париз, Кемпбел зачекори во комплет што некои го опишаа како премногу лежерен, а други целосно воодушевени.
Наоми се одлучи за комплет со впечатлив тропски принт кој многумина ги потсети на пижами.
Прошета во панталони со висок струк и откопчана кошула под која немаше ништо друго освен пар ѓердани.
Убавата манекенка се одлучи за виолетови тонови, па носеше и очила во истата нијанса.
фото:profimedia/instagram