Славната манекенка Наоми Кемпбел (49) се појави на едно случување во Лондон, а за таа свечена прилика избра транспарентен фустан кој ги покрива само интимните делови, а ја нагласува нејзината фигура, особено долгите нозе и рамниот стомак.
Наоми со својот необичен моден избор, но и со атрактивниот изглед, го привлече вниманието на сите присутни.
Многумина забележаа дека косата на манекенката сега изгледа боженствено, иако пред неколку години имаше проплем со опаѓањето на косата. Поради тој проблем, во минатото носеше турбан или перики иако и сега се гледа дека делумно костисти екстензии.
Наоми со овој изглед ги воодушеви сите и покажа дека доминира и во петтата животна деценија, а дека за неа годините се само број.