Атрактивната гевгеличанка Александра Накова периодов е турбо активна со своите ангажмани како модел.
Имено, таа деновиве ги поминува работно во Италија каде снима нов едиторијал, притоа неоткривајќи за што конкретно станува збор.
Заедно со неа е познатиот и еден од најбараните модни фотографи во Македонија, Стефан Соколовски.
View this post on Instagram
Кога се работи под полна пареа, организмот се троши и бара повеќе храна, а Накова излезе од контрола по тоа прашање.
View this post on Instagram
На своите „стори“ на Инстаграм покажа витрини со разни слатки колачи за кои напиша дека не може да престане да ги јаде…
Апетитите не застанаа тука, туку полнењето на стомакот продолжи и со брза храна.
Покрај ваква нездрава исхрана, чудно е како Накова успева да ја одржува линијата. Рамна и тенка манекенка која си го прави меракот за храна, без да води грижа и да брои калории.
View this post on Instagram
Очигледно и се може, е сега дали линијата е работа на генетика или активностите ја држат под контрола, досега не открила, но веројатно во едно од тие нешта „лежи зајакот“.
фото:Инстаграм принтскрин/накова/badstef