Радио Милева Сублимира и провоцира

Накова ја испраќа 2022 во свој стил: Најжешкото од изминатите 12 месеци за уште пожесток почеток на Новата 2023-та (фото)

Накова ја испраќа 2022 во свој стил: Најжешкото од изминатите 12 месеци за уште пожесток почеток на Новата 2023-та (фото)

Ако изминатите години можевме да погледнеме жешки празнични фотографии од разголените Македонки меѓу кои беа пејачки, водителки, манекенки, старлети… годинава периодов остана монотон и стерилен.

Нема бабамразици, нема топлес за убав завршеток на годината и жежок почеток на Новата, па тука- таму ќе се најде и види по некоја провокативна фотографија.

Откако годинава повторно го активираше својот Инстаграм профил, познатата гевгеличанка Александра Накова постоано правеше празник за плакнење очи на радост на посилниот пол.

Од фотографии во танга бикини, до такви во долна облека, па дури и оние во фустан во кој навидум е облечена, Накова знаеше да заинтригура и да побуди желба и да биде магнет за погледи.

Како една од ретките која милува да го пушти сексапилот и провокацијата на најјако, очекувано беше да ја заокружи годината со она што најдобро го умее.

Па така, ги селектираше најжешките парчиња на долна облека, од танги, градници, жартиери и застана пред фотообјективот.

За позирање не и требаше сугестија, бидејќи веќе има голем багаж и искуство зад себе.

Бујна предница, задница, поглед со страст кој буди желби и мами воздишки, Накова сублимира и провоцира за уште пожесток и поубав почеток на Новата 2023 година!

фото:Инстаграм/Александра Накова

To top