Видеото кое Марија Шерифовиќ го објави на својот Инстаграм, денеска ќе ви го стопи срцето додека велите „Сакам да знам што е љубов“. Токму со најголемиот хит на групата „Foreigner“ популарната пејачка го изведе својот прв танц со синот Марио и го документира за Инстаграм.
Мојот прв танц“, напиша таа со кратко видео полно со емоции. Момчето уживаше во носачот на кенгур, а неговата мајка нежно ја пееше познатата балада.
View this post on Instagram
Нема сомнеж дека на поп ѕвездата и оди повеќе од добро во новата животна улога. Тоа беше нејзината најголема желба, која конечно и се оствари на крајот на минатата година, благодарение на сурогат мајка од Америка. Не се одвојува од малиот Марио, освен кога треба да присуствува на настап.
фото/видео: Instagram/ serifovic