Антониа Гиговска кариерата ја стави во мирување, а сега најде време за да им одговори на нејзините фанови на „Инстаграм прашања“ на познатата социјална мрежа. Таа уште од самиот почеток сака да го сподели нејзиното лично искуство со следбениците со цел да им помогне на идните мајки.
Така беше и овој пат, младата пејачка постираше фотографија од неа наместена во удобна поза, а со таа објава ги повика следбениците на прашања:
– Што ќе ме прашате? – напиша таа секако очекувајќи ги прашањата поврзани со бременоста, а потоа се разбира и на музички план.
– Како си? Само да знаеш дека си најдобра – гласеше комплиментот упатено до Антониа, а таа алудурајќи на бременоста одговори:
– Подобра не сум била никогаш. Фала ти најмногу !
– Kако оди бременоста? Jас сум шеста недела и имам многу мачнини… – Гиговска за тоа имаше само утеха, па даде и таков одговор:
– Ако сакаш да те утешам јас бев ужас, најтешкото го пројдов, со лесно ќе помине дури да трепнеш.
Обожавателите беа нестрпливи да го дознаат полот на бебето, па веднаш следуваше и тоа љубопитно прашање:
– Дали ќе ни го откриеш полот на бебенцето ?
– Секако многу наскоро – кажа таа, сѐ уште чувајќи го во тајност па и овој пат ги разочара и не одговори прецизно…
-Да го видиме мешето колку пораснало?
– Еве сме! – им напиша на фотографијата со емотикон смајли идната мама.
– Што му правиш на лицето или чиста генетика?
– Генетика! Имам многу чисто лице најверојатно затоа што не се шминкам секојдневно и скоро цело време сум без шминака, освен на настап, снимање и фотосесија. Во ПМС имам една бубуличка, а сега во бременост многу малку се исфрлам – Задоволно им ја откри и позитивната страна од блажената состојба, дека и се исчистило и лицето за кое рече дека најзаслужна е генетиката.
Пристигна и првото прашањето на музички план, а младата пејачка изјави дека е сѐ во свое време и секако плановите околу музиката не се оставени на страна туку таа посветено работи на нови песни.
– Дали ќе продожиш со кариерата и после бременоста и кои се твоите планови?
– Нормално се враќам во моментот кога ќе се почувствувам спремна. А планови околу музиката имам многу но сѐ во свое време. Сега сум посветена на нови песни. Верувам дека сите ќе чекате нешто интересно од мене.
Тоа веднаш и го потврдија фановите на кои веќе почна да им недостига па доби покана за настап:
-Дојди некогаш во Битола на настап!
– Ќе темперим прв настап после пауза во Битола – одговори таа, покажувувајќи со раката голем лајк.
Се гледа дека Антониа зрачи од убавина иако бременоста ги менува жените, таа се збогува со мачнините , па сега слободно може мирно да ужива во блажената состојба после која повторно ќе им се врати на настапите и на вераната пубика.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска