Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит неодамна се отсели од домот за да студира во Јужна Кореја.
Во интервју за „In touch“ тој првпат проговори за неговиот однос со Бред Пит со кого не е во добри односи.
На прашањето дали Бред ќе го посети во студентскиот дом, Медокс немал конкретен одговор.
„Не знам ништо за тоа, ниту пак се случува нешто“ кратко изјавил.
На прашањето дали завршил неговиот однос со татко му, тој кратко одговорил
„Што треба да биде ќе биде“.
За потсетување, Медокс и Бред не се во најдобри односи од кавгата во авионот за која зборуваше цел свет, а дури и обезбедувањето морало да реагира поради сомнеж дека актерот физички и вербално го нападнал 15 годишниот посвоен син.
Иако се шпекулираше дека причина за нивниот развод е прељуба, по овој инцидент кој се случи во 2016 година, Џоли следниот ден го поднела барањето за развод.
Мадокс цело време бил покрај неговата мајка и не сакал да се гледа со неговиот татко.