Во Македонската опера и балет, денес 23-ти февруари стартува првиот од седумте закажани концерти на Каролина Гочева на кои ќе го промовира својот најнов албум насловен „Извор“.
По тој повод, за дневниот весник „Нова Македонија“, Каролина раскажа за тоа како настал албумот, предизвикот да се направат концерти на непромовиран материјал пред јавноста, жртвите да се опстане во кариерата, но и да открие интимни детали од бракот како и за желбата да стане мајка.
Пејачката речиси секогаш е резервирана кога е нејзиниот живот во прашање, па дури и кога ќе реши да одговори на таквите прашања, тоа го прави во неколку зборови.
Дали новите песни му се доаѓаат на вашиот животен сопатник Михаил и дали некогаш ви сугерира нешто, ви дава ли добронамерни критики, има ли тој омилена песна од вашиот репертоар?
Му се допаѓаат и некако целосно го вклучив уште од самиот почеток во процесот на развивање на песните и сакав да ги чујам неговото мислење и сугестии. Не знам за омилена песна, но секако дека му се допаѓа вкупниот производ.
Дали е време да се размислува и за нов член во семејството, кој ќе му даде една нова димензија на вашиот живот?
Се разбира, тоа е наша голема желба…
Желбите на професионален музички план секогаш и се остваруваат кога квалитетот е гарантиран, а веруваме дека и оние на приватно и брачно поле ќе и се случат како што замислува.
Целосното интервју можете да го прочитате тука