Кога сте јавна линност ретко може да го сокриете приватниот живот од очите на јавноста, меѓутоа на македонската водителка Марјана Станојковска тоа одлично и оди.
Марјана одлично го крие својот љубовен живот, па многумина можеби се запрашале дали е сама или има партнер.
Иако на јавните случувања може да ја видиме сама односно без парнтер, водителката на „Лото“ неколку години има машка поддршка.
Како што пренесува магазинот „Ексклузив“, Марјана е во повеќегодишна врска со поранешниот македонски кошаркар Пеце Наумовски.
Тие се запознале на забава кај заеднички пријател и оттогаш започнале љубовна врска.

Парот со години се гледал во приватни вили и хотели, заедно оделе на одмор кај нашиот јужен сосед каде што Пеце има јахта, а во ресторани само се појавувале со пријатели.
Од друга страна се шпекулира дека Станојковска е бремена, па и наскоро ќе се реализира во улога на мајка. Овие информации не се потврдени, а дали навистина е така времето ќе покаже.
Дали Марјана конечно ќе јоблече веначница, допрва ќе видиме.