Мегафон

Најголемата фолк-забава за ова лето на 1-ви септември во Битола: Најпопуларните македонски фолк ѕвезди на едно место

Најголемата фолк-забава за ова лето на 1-ви септември во Битола: Најпопуларните македонски фолк ѕвезди на едно место

На 1-ви септември во еден од најубавите градови во нашата земја ќе се одржи можеби досега најголемиот фолк-спектакл со најпознатите македонски фолк-ѕвезди.

Концертот е закажан на ракометното игралиште во Битола, а публиката ќе ужива во најголемите хитови во изведба на популарната Сузана Гавазова, Анета и групата Молика, Марјан Коцев, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Ирена Спасовска, Дамјан Стојановски, Рамко Беслими, Ален Хасановиќ, Каан Мазахр и Зуица Лазова.

Познатата пејачка Зуица Лазова вели дека ова ќе биде одличен концерт.

– Пееме во еден од најубавите градови во Македонија, верувам дека битолчани ќе уживаат и ќе се забавуваат на први септември. Ги покануваме сите што се во можност да дојдат на ракометното игралиште- вели Зуица.

Исто така и Марјан Ковец не го криеше задоволството што ќе настапува пред битолската публика.

– Со нетрпение чекаме да дојде први септември. Собрани сме многу добра екипа и ветуваме дека ќе направиме одлична забава – накусо изјави славниот пејач.

Инаку станува збор за голем концерт со мултиетнички карактер, каде покрај многуте македонски фолк-ѕвезди ќе можеме да видиме изведувачи од другите етнички заеднци, како што се Ромите, Турците и Бошњаците.

Она што е важно да се напомене, а тоа е дека познатите изведувачи ќе имаат прилика да пеат на најсовремена опрема, голема бина и одлично осветлување, нешто што ретко се гледа кога станува збор за фолк-музиката.

Концертот ќе биде организиран според сите мерки за заштита од корона-вирусот!

To top