Пејачот Аца Лукас во својата нова книга изнесе детали за својата емотивна врска со покојната пејачка Ксенија Пајчин, а еден од нејзините најдобри пријатели, водителот Горан Стојковиќ Карамела тврди дека не знае ништо за тоа.
Имено, Аца Лукас истакна тој и пејачката биле во врска една година, како и тоа дека живееле под ист покрив.
„Живееме заедно една година. Нашта врска беше страсна и искрена. За разлика од многуте жени со кои бев во врска, Ксенија не се обидуваше да ме промени. Кога би требало да ја опишам, би рекол: „Добар човек, убава, а несреќна.Беше многу несигурна. Седеше дома, читаше весници, гледаше телевизија и велеше: „Како оваа успеа, а јас ништо?“, напиша Лукас во својата книга.
Телеграф.рс го исконтактирала најдобриот пријател на починатата пејачка и ги прокоментира пишувањата во книгата на Аца Лукас.
„Не знам. Не би сакал да го коментирам тоа. Не знам што пишувал, ниту читав, ниту ме интеренсира“, изјави тој.
На прашањето дали му е познато дека Ксенија и Лукас биле во врска, тој вели:
„Не ми е познато. Не знам. Можеби во некои период кога не се дружевме. Не ја следам естрадата, така да, не ме интеренсира кој што пишува. Многу пишуваа книги…“.