Радио Милева

Најдобри модели: Елена Миленковска позира разголена со својот наследник (фото)

Најдобри модели: Елена Миленковска позира разголена со својот наследник (фото)

За македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска оваа година тргна на убаво.

Имено, почетокот на година Елена официјално стана мажена жена и склопи граѓанки брак со нејзиниот колега, Гуте Маринковиќ.

Во февруари оваа година, пред да започне пандемиајта, Гуте и Елена направија свадбена прослава во познат хотел во Скопје.

Меѓутоа, нивната радост и среќа не престанува. Во март оваа година, Миленковска се реализраше во улогата на мајка.

Имено, Елена и Гуте станаа родители на нивното прво дете, синот Максим.

Естрадниот пар не се штеди кога станува збор за нивниот приватен живот, па редовно на социјалните мрежи објавуваа што им се случува, односно ја обелоденија својата врска, свадба, открија дека ќе станат родители, го открија полот на бебето, името, а неодамна Елена за првпат го покажа и лиценцето на синот.

Инаку, Гуте е познат по тоа што сака да фотографира, па така често пати за време на пандемијата ја фотографираше својата сопруга.

Тој дури и отвори профил на „Инстаграм“  посветен на на бебиња, трудници, семејни фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marinković Gute Baby Photo (@babyly_photo) on

Гуте првите објави ги посвети на неговиот син Максим и неговата сопруга.

На последната фотографија која ја прави Маринковиќ, Елена позира гола односно се гледа само горниот дел од нејзиното тело, таа е свртена со грб,  а во раце го држи својот наследник. А насмевката не ја тргнува од лице.

„Ги имам најубавите модели. Фала ти Боже што си ми го покажа патот до неа и што ми го подари него“, напиша Гуте во описот.

фото: гуте маринковиќ/принтскрин/инстаграм
To top