Радио Милева Љубовниот ветер почна да дува

Набилдан и со тетоважи: Ова е новото момче на Елена Ристеска?! (фото)

Набилдан и со тетоважи: Ова е новото момче на Елена Ристеска?! (фото)

Пред речеси четири години поп пејачката Елена Ристеска стави крај на бракот со Бојан Ивановски кој траеше кратко.

Околу причината за разводот доста долго се шпекулираше во медиумите, а Елена не сакаше воопшто да зборува за тоа и да се навраќа кон она што веќе завршило и останало во минатото.

Пред неколку месеци во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа откри дека причината бил порок кој не можела да го надмине, како и тоа дека бракот за неа е завршена работа на која само медиумите постојано ја потсетуваат.

фото:принтскрин/јутјуб/бекстејџ

Но, нејзиниот љубовен живот по разводот, таа вешто го криеше од јавноста, па се досега не се појави ниеден кој ќе го освои нејзиното срце или барем навидум така изгледаше.

Сепак, сега љубовниот ветар почна да дува за Еленче, која како што открива „Бекстејџ“ од неодамна е врска со момчето по име Филип Арсовски кој е сопственик на еден ланџ ресторан во Скопје.

фото:инстаграм/филип арсовски/принтскрин

Дека нешто ново се случува на љубовно поле, Елена како да навести и со една од нејзините последни објави на Инстаграм, каде објави фотографија без шминка за која напиша:

-Секогаш чекајте го оној кој ќе ги обожава вашите несовршености, гласи описот на фотографијата на која таа позира во природно издание и алудира на своите несовршености.

фото:инстаграм/елена ристеска

Момчето чиј идендитет веќе е откриен е активен корисник на социјалните мрежи, а таму како дополнителен доказ има фотографија на која тој е заедно со девојка чие лице е покриено, но неодоливо потсетува на Елена.

фото:инстаграм/филип арсовски/принтскрин

Засега пејачката, а ниту Филип, не се огласиле во медиумите за  потврда или демант, но со оглед на тоа дека нејзина пракса е да ја чува приватноста за себе, претпоставуваме дека барем засега ова ќе остане мистика.

За потсетување, поранешниот сопруг на Елена, Бојан, со кого се разведе пред речиси четири години, само еден ден по потпишувањето на документите за развод, објави дека повторно ќе се жени, но и дека ќе стане татко.

To top