На ѕвездата од култниот филм „Сам дома“ кон крајот на октомври и беше дијагностициран рак, а сега се’ е откриено. Туморот се појавил на дното на устата и почнал да се шири до забите. За денеска е закажана операција која ќе трае 10 часа и ќе биде отстранета дел од вилицата.
View this post on Instagram
Актерот Кен Хадсон Кембел потоа ќе биде подложен на реконструктивна операција, како и на хемотерапија и зрачење. Се очекува закрепнувањето да трае шест месеци. На страната „GoFundMe“ тој започна акција за собирање помош за неговата борба против ракот.
Кембел го глумеше Дедо Мраз во култниот филм „Сам дома“, а исто така играше и во познатите филмови „Ден на грмушка“ и „Армагедон“.
За жал, во јануари 2022 година, по пандемијата, актерот го загуби здравственото осигурување што го доби преку синдикатот САГ-АФТРА, па беше покрената хуманитарна акција бидејќи трошоците се големи. Досега се исплатени 58 илјади долари од потребните 100.000 долари, пишува TMZ.
фото:You Tube printscreen/ Instagram/ kenhudsoncampbell