Познатата српска фолк пејачка Зорица Брунцлик појкрај успешната кариера има и многу интригантен приватен живот.
Досега, Зорица се мажела повеќе пати и има 4 деца – Марија, Ѓорѓе, Злата и Миљана. Ќерката Марија ја добила уште на 18-годишна возраст во вонбрачна заедница.
Прв сопруг и бил хармоникашот Зоран Тутиќ, кој бил и шеф на оркестарот со кој во тоа време работела. Во бракот со Зоран таа го добива синот Ѓорѓе Тутиќ, кој денес е оженет и има две деца.
Овој брак бргу завршил, па Зорица среќата ја побарала кај друг хармоникаш – Љубо Кешељ, на кого му ја родила ќерката Миљана. Но, тој наводно, никогаш не сакал да го признае детето, а и денес ретко се гледа и слуша со неа.
„Кога се омажив, по некое време ја родив ќерка ми Миљана, чиј татко истовремено престана да го сака и нашето дете и мене… Миљана не се усреќи со својот татко, кој престана да ја гледа кога имаше само шест години“, ќе рече Зорица своевремено.
Брунцлик денес е мажена, види чудо, повторно со хармоникаш – Мирољуб Аранѓеловиќ, попознат како Кемиш.
Со него Зорица ја има ќерката Злата Аранѓеловиќ. Таа е моден блогер и стилист кој работи за мајка и Зорица.
И покрај се’, децата на Зорица Брунцлик без оглед што се од различни татковци, сепак имаат иста мајка и убаво се согласуваат. Злата објави фотографија на Инстаграм на која сите позираат заедно.