Радио Милева

На Вики и пукна филмот, па брутално и одговори на Карлеуша: „Откако виде дека Цеца доаѓа кај мене, Јелена се прави дека не ме познава“

На Вики и пукна филмот, па брутално и одговори на Карлеуша: „Откако виде дека Цеца доаѓа кај мене, Јелена се прави дека не ме познава“

Вики Миљковиќ повеќе не може да ги поднесува навредите од членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, па така во една од емисиите која треба наскоро да се емитува покажа заби и тоа на Јелена Карлеуша.

Речиси во секоја емисија, колегите упатуваат навреди на сметка на Вики, па таа изгледа како „пожртвувано јагне“, а изгледа на пејачката и здосади да молчи, па сега одлучи да им врати.

фото: Принтскрин/јутуб

Имено, Јелена се потсети на периодот кога биле сосетки со Вики на Бежаниска коса.

„Знаете ли дека Вики и јас бевме сосетки. Таа секој ден правеше јадење, еднаш мислев дека и се запали куќата. Имаше толку многу дим во куќата, па замислив дека се запалила, бев во нејзиниот дом, ѕвонев на врата, но таа не сакаше да ми отвори“ се пошегува Јелена.

Тогаш Саша Поповиќ се вмеша во дискусијата неверувајќи дека Вики и Јелена се дружеле.

„А, добро, вие две се знаете од порано? , праша Поповиќ.

Пред да одговори Јелена, Вики се вмеша во дискусијата и даде брутален одговор:

фото: принтскрин/инстаграм

„Да, да, се поздравуваме. Но, кога Цеца ќе дојдеше кај мене, јелена не ме поздравуваше. Тогаш не ме познава. Откако виде дека Цеца доаѓа кај мене, не ме познава“ изјави пејачката.

На овој одговор жирито се насмеа, но Јелена не сакаше да коментира понатаму.

To top