Ќерката на српскиот пејач, Милан Топаловиќ Топалко е активна во регионалните медиуми поради нејзините фотографии кои често ги објавува на социјалните мрежи, со кои знае да го привлече вниманието.
Милан во една емисија на „Гранд“ проговори за фотографиите на неговата ќерка, но и за тоа дека имал средба со поранешен затвореник кој се понудил да ја брани Хелена доколку некој ја навреди.
„Сите светски девојки имаат секси и провокативни фотографии. Жените на милионери ќе се појават во весници, но никој од нив не напиша дека се старлети. Им даваат убави комлименти“, вели пејачот и открива како изгледала средбата со криминалец кој сакал да ја заштити неговата ќерка од „седмата сила“.
„Кога завршив со настапот, ми се приближи едно момче и ми кажа: Само дојдов да ти кажам дека јас бев во затвор и не ми е ништо непознато. Не е тоа што те сакам човек, но ако некогаш во животот ти потреба нешто или некој ја навреди твојата ќерка, те молам само да ми се јавиш јас ќе ја завршам работата, а ти биди господин, како и што си“, раскажува пејачот за „Гранд магазин“.