Пејачката Теодора Џехверовиќ доживеала голема непријатност кога одеднаш избувнал пожар во нејзиниот луксузен стан во кој живее.
Видно вознемирена пејачката веднаш ги известила своите следбеници на Инстаграм.
Во видеото кое го објави Теодора вели дека се обидела да загрее храна на која целосно заборавила.
– Се тресам, ја ставив тортиљата да се загрее и целосно заборавив. Се запали пожар, не разбирате, не можам да снимам што се случува во куќата во моментов. Црно, цело црно, дим – рекла Теодора покажувајќи го хаосот во станот и рерната што чади.
Инаку, Теодора пред две години го купила станот во Белград и за него платила околу 250.000 евра.
Станот наводно има околу 100 квадрати, две спални соби, две бањи и голема тераса. Таа редовно ги известуваше своите следбеници во текот на уредувањето, а откако се всели, често споделува слики од истиот.
Фото: Принтскрин/Instagram