Неодамна младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ (23) го одржа својот прв јавен настап во кариерата во градот на светлината – Париз.
И покрај тоа што веќе неколку години е на сцената, младата естрадна уметница сакаше да биде целосно сигурна дека ја прави вистинската работа, пред да се впушти во реализација на својот прв јавен настап.
Бројните снимки од настапот на Анастасија јасно зборуваа во прилог на изјавата дека убавата пејачка го направила вистинскиот потег одлучувајќи да го организира својот прв настап во Франција.
Честитките следеа една по друга, но нејзинта постар колешка и колешка на нејзината мајка, Јелена Карлеуша, токму во тој момент на својот Инстаграм профил објави многу интересен текст на своите приказни.
„Нема ништо полошо од тоа кога на децата на јавните личности им кажуваат дека се талентирани за работата на нивните родители, а потоа им се смеат зад грб и ги исмејуваат“ – се вели во пораката на постарата колешка на Анастасија.
Со оглед на тоа дека времето се поклопува со настапот на младата пејачка, а Јелена и нејзината мајка Цеца не се во најдобри односи, многумина зборовите на Карлеуша веднаш ги поврзаа со Анастасија, по приципот: „Кажувам јавно, сети се мамина ќерко“, иако се’ уште не се знае дали меѓу другите деца, важат токму и за ќерката на Цеца?!
Фото: Инстаграм принтскрин/raznatovicanastasija/karleusastar