Станија Добројевиќ откри дека веќе има три симпатии во “Задруга 2”, но признава дека секс во ријалити шоуто нема да има најмалку три месеци.
Старлетата, поучена од претходните искуства и љубови од ваков вид, го изнесе својот став за водење љубов пред камерите. Во разговорот со Огњен Амиџиќ, Станије рече дека веќе имаше неколку додворувачи и призна кој тип на мажи и се допаѓаат:
„Поминав многу време со Владимир Томовиќ. Тој е интелигентен, духовит и најде начин да ми пријде. Заради искреноста, тој има голем плус кај мене. Но, јас се дружам со многу луѓе во куќата и има многу тензии помеѓу нив и сите очекуваат да им аплаудирам. Емоции и искри веќе се создаваат, но не можам да кажам со кого интимно би се зближила. Можам само да кажам дека тројца мажи ми се симпатични – Влада, Бојан и Лазар“ – открила Станија и додала дека другите девојки немаат никакви шанси покрај неа.
– Некои девојки се во режим на подготвеност, бидејќи кога мажите гледаат дека не поминуваат кај мене, тие го подготвуваат теренот за да одат од една на друга. За три дена имав три такви ситуации. Не ми е воопшто лесно, првите месец-два решив да неам сексуален однос, така што сега никој нема шанса. Само по третиот, четвртиот месец, може да се случи. Оној кој другарски ќе ми се приближ, има шанси. Треба да се потруди околу мене. Но, некои луѓе, кога ќе видат дека треба да покажат повеќе од добро тело, дури потоа почнуваат да се трудат, додека други пак чекаат подобра можност – рече старлетата.