Фолкерот Аца Лукас одржи прес-конференција по повод учеството на фестивалот „Песна за Евровизија 22“.
Во музичкото натпреварување Лукас се пласираше во финалето кое ќе се одржи во сабота. Сепак, првата вечер дошло до инцидент меѓу него и Момчило Бајагиќ Бајага.
На самиот почеток на пресот, Лукас го подбрал рокерот.
„На овој конкурс се пријавивме со причина, но, не знаевме дека ќе биде наместен. Можеме да го победиме и тоа. Срамота е тоа што го прават овде. Никој не е глупав. Го ставивте стариот, стуткан Бајага, кој е страшен уметник, а почна да се однесува како будала, да раскажува приказни за политика среде фестивал, шокиран сум. Со таа бојадисана коса што не може да излезе на дожд… Ова е трагедија, шокиран сум“ – рекол Лукас, па објаснил и како се случил инцидентот со музичарот.
Имено кога се сретнале пред почетокот на српскиот избор за „Песна за Евровизија 22“ се поздравиле, но Бајага, му забележал дек во некоја емисја Лукас пеел негова песна, а при тоа гостин бил и еден познат политичар од актуелната власт, со која Бајага не се согласува бидејќи е опозиционо настроен.
„Не може тоа така, не ги пеам јас твоите песни, је*о те…“ – му рекол Бајага, што веднаш го изнервирало Лукас, кој после се тврди дека наводно тоа и му била целта на рокерот: Да го изнервира и испровоцира за Аца Лукас да има лош настап. при тоа Лукас тврди дека бил и цело време изминиран на сцената со звукот, светлото, ТВ кадрите…!
„Стутканиот Бајага под итно мора да си го смени дилерот“ – јавно му порачал Лукас на рокерот, асоцирајќи дека овој користи опијати!
Фото: Принтскрин Курир.рс/Ана Паунковиќ