Тања Савиќ после четири месеци молчење одлучи да го пријави сопругот Душан Јованчевиќ за киднапирање на синовите Максим и Ѓорѓе.
Сопругот на Тања поради киднапирање може да биде осуден на 30 години затвор.
Како што пренесуваат српските медиуми, Тања од мај месец се обидела на мирен начин да го реши спорот со сопругот за да не има последици, но сега по секоја цена одлучи да се бори за децата.
„Душан ги однесе децата во Австралија без согласност на Тања. Таа беше убедена дека ќе се реши проблемот, но откако и забрани да се слушат по телефон, пејачката е очајна. Го пријави во полиција, а нејзиниот адвокат прати пријава во австралиската полиција. Министерството за надворешни работи и Министерството за прaвда се запознаени со нејзиниот случај и ќе направат се’ за да и ги вратат децата“, вели соговорник близок на Тања.
Тој додава дека жените во Австралија се многу заштитени и дека пејачката ќе ги добие децата за неколку дена. Како што вели соговорникот, единствен проблем е што децата се држвјани на Австралија, а Тања сака со нив да живее во Србија.
View this post on Instagram
„Тања нема ни желба ни пари да живее во Австралија. Затоа ќе поднесе барање за старателство на децата и да може да ги доведе во Србија. Таа има докази дека децата и се киднапирани бидејќи беа во Белград, одеа на училиште, беа воведени во здравствениот систем. На Душан му се заканува казна затвор од 6 до 30 години затвор, а можеби и мора да плати казна од 25 000 долари“ вели изворот.
Тања потврди дека започнала борба за старателство на децата.
„Молчев четири месеци и не сакав во јавност да изнесувам приватни детали, но сега морам да барам помош. Ми велат луѓето што не одиш по своите деца, не можам туку- така да одам во Австралија и да ги донесам во Србија. Јас дури и не сум нивен државјанин. Тоа би значело дека децата сум ги киднапирала. Барав помош од нашата држава, но и од австралиските власти и сега чекам помош“ , вели Тања.
Таа е свесна дека на сопругот му се заканува голема затворска и финасиска казна.
„Мојот сопруг ми направи најлошо нешто што може да се направи на една мајка – ми ги зема децата. Тоа не смееше да го направи бидејќи не е човечки, а и со закон е забрането. Јас сакав се да направам за него, го штитив, но ги помина сите граници“ вели пејачката.
Потссетуваме, неодамна Тања на својот „Инстаграм“ се пожали дека своите деца не ги видела ни слушнала на Вибер пет дена.