Радио Милева воздишки на брегот

На сопругот на атрактивната пејачка Аделина Тахири му љубомореше целата плажа: „Ѓаволица со ангелски лик“, во скутот на адвокатот (ФОТО)

На сопругот на атрактивната пејачка Аделина Тахири му љубомореше целата плажа: „Ѓаволица со ангелски лик“, во скутот на адвокатот (ФОТО)

Пејачката Аделина Тахири Марков и нејзиниот сопруг, познатиот скопски адвокат Серијожа Марков одмораат на грчкото крајбрежје.

Дестинација – познатото летувалиште Аспровалта и еден од најмонденските хотелски ресорти, каде во волшебствата на летото брачната двојка уживаше како да се момче и девојка.

Расната Албанка на плажата го распосла сиот свој телесен раскош, сместен во модерно-дизајнираните, скапо – брендирани костими за капење и пропратни аксесоари, додека таа и нејзниот сопруг „уживаа за сите пари“ на жешкиот песок покрај морската Егејска шир.

Палми, море, сонце, плажа… и меѓу сета таа убавина и милина – Аделина, која со своите раскошни, бујни атрибути мамеше воздишки и и’ го одземаше здивот на сета околина, особено на оние од посилнатаполовина, кои најмногу му беа љубоморни на човекот покрај неа.

Всушност, на сопругот на атрактивната пејачка му љубомореше целата плажа.

Особено кога русокосата „ѓаволица со ангелски лик во леопардски костим“,  му седна во скутот на адвокатот!

Фото: Инстаграм принтскрин/adelina_tahiri1

 

To top